Автомобил денеска се обиде да ја пробие блокадата пред Фармацевтскиот факултет при што собори жена, пишува Н1 за студентските протести во Србија.
Читателот кој ги доставил снимките до редакцијата на Н1 вели дека се работи за професорка на Фармацевтскиот факултет, која била повредена и отишла во здравствена установа да направи снимка.
Инцидентот се случи за време на дневната блокада во 11 часот и 52 минути, во знак на оддавање почит на 15-те лица кои загинаа при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Видеото погледнете го на следниот ЛИНК