недела, 29 ноември 2026
Најново

(Видео) Ахмети до Мицкоски: Со загари не се ловат орли

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со загари не се ловат орли, му порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот собир во Скопје.

Денеска од ДУИ појаснуваат дека со терминот загари мислеле на ВЛЕН, не на било кој граѓанин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, остро одговори на обвинувањата на лидерите на коалицијата ВЛЕН, кои вчера го обвинија претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека ги омаловажува албанските гласачи нарекувајќи ги „кучиња“.

Во својата јавна реакција, Адеми појасни дека изјавата на Ахмети не била насочена кон албанските граѓани, туку, како што вели, кон лидерите на ВЛЕН кои го изгубиле политичкиот легитимитет.

„Кучињата не се луѓето што ги измамивте, туку оние што денес седат пред нозете на Мицкоски, без легитимитетот на Албанците“, напиша Адеми во објава на социјалните мрежи.

Поврзани вести