Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град.Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство – татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче.Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири повредени лица денеска се пуштени од болница, а на лекување се уште се двајца пожарникари кои и им пружале прва помош на настраданите.Полицијата стигнала до четвртиот кат од опожарената зграда во обид да ги лоцира потенцијалните жртви, а на лице место биле и противпожарните и екипите за итна помош, пренесуваат шпанските медиуми.Во Валенсија се формирани неколку пунктови со цел да се соберат информации и ДНК примероци на роднините на можните жртви.Шефот на Истражниот суд број 10 во Валенсија отвори постапката за истрага за причините и околностите на пожарот и нареди доверливост на постапката во траење од еден месец со цел да се заштити полициската истрага и приватноста на жртвите и нивните семејства.
A huge fire has ripped through an apartment building in the Spanish city of Valencia, with terrifying footage showing desperate residents trying to escape the flames on their balconies as the building is engulfed pic.twitter.com/WJ8lEXM11O— Daily Mail Online (@MailOnline) February 22, 2024
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, најави дека заедницата ќе добие помош, и дека ќе се работи на брзото собирање информации.Експертот Естер Пукадес објасни дека полиуретанот, што се користи за покривање на фасадата, е елемент што во моментов се смета за главна причина за брзото ширење на пламенот.Пожарот избувна вчера попладне и за само половина час ја зафати целата зграда со 14 ката и 138 стана, а набрзо се прошири и во соседната зграда.
At least four people died in a huge fire that ripped through a 14-storey apartment block in Valencia, eastern Spain, and at least 14 were reported missing, with officials warning on Friday that the death toll could rise.https://t.co/8bcTubNIto pic.twitter.com/6JTWJe7Jbm— AFP News Agency (@AFP) February 23, 2024