Приведени се дел од граѓаните кои ја обновуваат црквата во Галате, а кои денеска отидоа во Општина Врапчиште да побараат средба со градоначалникот откако во текот на вчерашниот ден Општината и МВР поставија ленти околу црквата и забранија продолжување на активностите за обнова на црквата.
Граѓаните денеска отидоа во Општина Врапчиште да побараат средба со градоначалникот, но како што велат тие, градоначалникот не сакал да се сретне со нив.
Неколку од граѓаните се приведени откако истакнаа дека не си одат додека градоначалникот не се сретне со нив.
Очекуваме официјална информација од СВТ Тетово.
Погледнете го видеото во продолжение: