Инцидент каков што ретко се гледа се случи денес на скопската обиколница, кога две возила по сообраќаен конфликт завршија во брутална физичка пресметка. На видеото, кое трае околу три минути и е снимено од случајни минувачи, се гледаат најмалку петмина мажи – по двајца од двете возила и еден случаен минувач – како се удираат со метални шипки, дрвени палки и тупаници. Некои од учесниците имаат искинати маици и видливи повреди.
Случајот предизвика хаос во сообраќајот, а минувачи во паника се обидуваат да се оддалечат. Засега нема информации дали полицијата интервенирала.



