(Видео) Бубо Каров: Родителите сакаа да ги спречат Бранко и Васко да глумат во К-15

Љупчо Бубо Каров вели дека имало поделени мислења кај луѓето коа се емитувале првите емисиии на култните К-15 на тогашната А1 телевизија.

Негативно регирале и семејствата на Бранко Огњановски и Васко Тодоров, неговите патнери во шоуто. Во вториот од разговорот во „Еден на Еден“ со Жаре која ќе ја гледаме в недела од 18.30 на Тв Канал 5, Бубо раскажа:

– Имаше поделени мислења на почетокот, Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија ни рече дека сопругата дома му кажувала: ‘Абе Велија, што си ги пуштил овие со периките ќе ти се смеат’. Па, имавме ситуација, на Бранко дома татко му покоен, чичко Раде му викал: ‘Абе ај срамота, што се правите со тоа периките како циркузанти, серизони луѓе сте, вие треба да се жените’. И еден ден чичко Раде менe ми вика: ‘Ти си постар, посериозен, дај прибери ги малку. Ај ти не се маскираш, таков си ама тие на што личат?’ Или на Васко мајка му, тетка Лиле што му викаше: ‘Синко бе, барем исчешлај ја таа периката“, се присети Бубо Каров на шоуто кое стана хит на народот, а првата епизода ја емитуваше во 1994.

Ова видео дололува дел од разговорот со Бубо Каров кој секогаш има што да каже:

Пронајдете не на следниве мрежи: