Новинарот Фуркан Салиу сподели видео од премиерот Мицкоски во периодот кога беше опозиција и бараше оставка од Владата поради Модуларната болница во Тетово.
– Вака зборуваше Мицкоски две недели после трагедијата во Тетово…
-Тогаш бараше оставки од морални причини како прва итна мерка с потоа да се зборува за други одговорности.
-Тогаш не веруваше во истрагата затоа што во случајот беа вмешани луѓе на високи функции кои што можеа да влијаат.
Ама тоа беше ТОГАШ, сега се е поразлично затоа што на функција се луѓе кои што си ја сакаат државата, чесни и одговорни.
Како и да е, ние пак ќе прашаме да не мислите дека сме заборавиле… Зошто нема одговорност кај актуелните функционери за трагедијата во #Кочани? Макар тоа да е и морална одговорност. – напиша Салиу на Фејсбук.