Пожарникарите имаа полни раце работа низ цел Загреб. Паѓаа дрвја, летаа покриви и мораа да испумпуваат вода од некои згради.
Целосен хаос владееше попладнево во централна Хрватска. Загрепските пожарникари со полни раце работа низ градот, јавува 24сата.хр.
Како што дознава порталот, тие ја отстраниле оградата во Клаиќева, дрвјата во Шестине и во Трг Република Австрија. ДВД Сесвете работеше на испумпување на вода од просториите. Дрво паднало врз автомобил во Шестине. Пожарникарите ваделе и прозорец од шестиот кат во улицата „Фрање Петрица“.
Лим висел од зграда на улицата Максимирска, додека ограда паднала врз возило на улицата Хајнцлова. Пожарникарите се и во Илица, каде виси дел од покривот. Читателите известуваат и дека трамвајскиот сообраќај во центарот на градот е прекинат. Невремето го зафатило и Дуго Село.
@bube7793
“Се’ траеше околу 10 минути, како минатиот јули кога имаше силно невреме. Беше страшно, ни искрши три автомобили во дворот. Ветерот дуваше како да ќе ги однесе прозорците”, вели читател од Дуги Село.
„Имаше огромни налети на ветер што носеше гранки по улицата и силен дожд и повремено грмежи. Во еден момент врнеше, но не траеше долго“, вели читателот од Шестина во Загреб.