Израелското воено воздухопловство во текот на ноќта срамнило повеќекатна зграда и погодило други објекти во Бејрут, за кои тврди дека биле користени од Хезболах како командни центри.
Според ИДФ, нападите во либанската престолнина биле насочени кон штабови на Хезболах, вклучително и еден на елитната единица „Радван“, како и друг што ѝ припаѓал на разузнавачката служба на групата.
Друг ноќен напад во јужниот либански град ат-Тири бил насочен кон команден центар на Хезболах, кој, според ИДФ, бил сместен во студио на радиостаницата „Ал-Нур“, поврзана со групата.
Воените наведуваат дека штабoт бил погоден во момент кога припадници на Хезболах се наоѓале и дејствувале на локацијата.



