Видео: Воз излета од шини и предизвика пожар во 30 згради во Канада

Товарен воз експлодираше во центарот на градот Лак Мегантик во Квебек, Канада и притоа предизвика пожар во 30 згради, а бројот на загинати е сè уште непознат.
Возот, всушност носел голем број на вагони-цистерни, полни со бензин а во текот на вчерашната вечер излетал од шините поради сè уште непознати причини и и покрај брзата реакција на 20 противпожарни возила, пожарот уште се шири.
Евакуирани се околу 1000 граѓани од центарот на градот, каде и пожарот сè уште е несопирлив, но бројот на жртви не е проценет, а се очекува да биде голем. Пожарникарите исто така очекуваат уште експлозии, бидејќи од 73 вагони со бензин, до сега експлодирале само 4, а огнот брзо се шири.
Целиот центар на градот е во хаос и тешко дека ќе успеат да го спасат, само се надеваат дека ќе го запрат што побрзо ширењето на огнот и ќе спречат зголемување на бројот на жртви. Товарен воз експлодираше во центарот на градот Лак Мегантик во Квебек, Канада и притоа предизвика пожар во 30 згради,

Пронајдете не на следниве мрежи: