Е ПОЈАВИЛ МИСТЕРИОЗЕН БЕЛ ЏИН – Ова е видено само втор пат во историјата!

Најреткиот кит на светот неодамна беше фотографиран на брегот на Тајланд само по втор пат во историјата. Група туристи на чартер брод во близина на Пукет забележале мистериозно бело суштество додека биле на новогодишно патување, пишува Daily Mail.

САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција
– Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на трошоците на Владата на Соединетите Американски Држави, на чело со технолошкиот магнат Илон Маск, почна да прифаќа …
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато
Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 метри. Сообраќајот на останатите патишта се …

Снимиле пар китови на Омура како заедно пливаат во Андаманското Море, а еден од нив бил целосно бел по боја. Тие го испратиле видеото до претставниците на организацијата за зачувување на животната средина ThaiWhales, кои го споделија на социјалните мрежи на почетокот на јануари.

„Ова е револуционерна вест, прва од ваков вид и возбудливо морско откритие“ напишаа во описот на видеото кое можете да го погледнете подолу.

Според преставниците од ThaiWhales, ова е првпат целосно бел кит Омура да биде забележан во Тајланд. Појавата на овие китови подоцна беше пријавена во Одделот за морски и крајбрежни ресурси на Тајланд, кој започна потрага по уникатното животно.

По неколкудневна потрага, официјалните лица рекоа дека не го нашле, но забележале уште најмалку четири китови Омура во областа. Тие пливаат и се хранат во близина на островите Фи Фи, островот Меден Месец и островот Корал.

Китовите на Омура се последниот вид цицач што е идентификуван, според експертите. За првпат биле видени во 2003 година, кога нивните останки биле заглавени на брегот, а во 2015 година биле забележани и живи единки.

Многу малку информации се познати за китовите на Омура, така што научниците не се сигурни во нивната популација и варијација во изгледот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.