Големи поплави погодија големи делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија по обилните дождови, што доведе до прекин на сообраќајот, објавија саудиските медиуми.
Дождот и денеска продолжува да врне во областите погодени од поплавите, објави Gulf News.
Саудиското Министерство за животна средина и земјоделство соопшти дека умерени до обилни врнежи погодија и други региони на Саудиска Арабија.