Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Голем пожар има на границата помеѓу општините Свети Николе и Пробиштип, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– Овој пожар пламна во понеделникот во селото Орел и кружи цело време. Со интервенција успеавме многу од неговите краци да ги стопираме, но огнената линија е многу долга – изјави Ангелов.

Ангелов изјави дека во гаснењето на пожарот се дејствува и воздух, но ефектите се мали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.