(Видео) ГРАДОТ ИСЧЕЗНА ПОД ВОДАТА, ПОПЛАВЕНА И БОЛНИЦАТА! Вака изгледа апокалипсата во Полска

Полска се соочува и со тешките и катастрофални поплави кои ја погодија Европа. Пет лица загинаа како последица на поплавите, телото на хирург кој се враќал од работа е пронајдено во градот Ниса. Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација, а драматичните фотографии го обиколија светот.

За време на најголемото невреме во последните многу години, огромни количини на вода поминаа низ цели градови во текот на викендот, вклучувајќи го и Јесеник, кој целосно исчезна под вода.

Поплавени цели градови

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.

Непрестајниот дожд доведе до поплави во областите во близина на границата со Чешка.

Во мал град во Долна Шлезија цели улици беа под вода, а најмалку едно лице загина.

https://www.facebook.com/watch/?v=524734940505448

Градот Ниса беше особено погоден во неделата. Поплавите навлегле во одделот за итни случаи на локалната болница, според новинската агенција ПАП.

Со гумени чамци се евакуирани вкупно 33 пациенти, меѓу кои и деца и една трудница.

Се очекува поплавите да стигнат до Вроцлав во среда.

Снимката од германски овчар кој со часови бил заробен на остатоците од урнатиот мост во полски град го обиколува светот.

Имено, поројната вода го срушила мостот кој се уште бил во изградба, а кучето се сокрило зад бетонските блокови од поплавата.

Откако камерата се сврте на истото место по неколку секунди, кучето го немаше, но приказната сепак има среќен крај.

Имено, кучето успеало да се задржи на површината, а водата го однела до местото каде што граѓаните го спасиле.

Автомобилот со две деца го однел поројот

Во градот Гологлави за малку ќе се случеше трагедија кога поплава однесе автомобил во кој имало родители со две деца. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат како речиси целиот автомобил завршил под вода која дошла толку брзо што возачот немал време да реагира.

Освен Полска, поплавите зафатија и други делови од Европа. Во Чешка едно лице загина, а седум лица исчезнаа поради поплави. Со тешкотии поради поплавите се борат и Австрија и Романија.

https://x.com/AstuteGaba/status/1835333990599070079?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1835333990599070079%7Ctwgr%5Ef49a4f59cef43cc26068940a37f3b6ec40db77f4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Fvideo-gradot-ischezna-pod-vodata-poplavena-i-bolnitsata-vaka-izgleda-apokalipsata-vo-polska%2F

Пронајдете не на следниве мрежи: