Денеска во Штип се одржува градска трка низ централното градско подрачје, но како што тврдат сведоци за Инфомакс граѓаните се соочуваат со сериозни проблеми и пристап до здравствените институции во градот.
До нашата редакција беше испратена снимка од граѓанин кој се обидува да им објасни на полицајците дека има итен упат за лекар затоа што тој самиот има четири стента, а неговата сопруга во петокот има доживеено мозочен удар.
Според тврдењето на сведокот раководството на СВР Штип ја прекршило процедуарта и заборавило да овозможи пристапен пат за итни медицински случаи до болницата во Штип.
Сведокот вели дека ова се случува за прв пат затоа што секоја година се организира истата трка истиот настан, но никогаш досега не се случило да нема пристапен пат до болницата во градот.