На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Дачиќ jа отпеа песната Осман Ага (на турски), истата што му ја отпеа на Ердоган за време на неговата посета на Белград во 2017 година.
На видеото се гледа масата на која седат Ердоган, неговата сопруга Емине и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ердоган дојде во Белград во четвртокот, откако претходно беше во Тирана. Вучиќ изјави дека Турција е еден од најважните инвеститори во Србија и оти посетата на Ердоган им значи многу.