(Видео) Децата бараат да учат без стаорци, две госпоѓи им се дерат и ги туркаат! Ученици и родители на протест пред училиштето „Панајот Гиновски“

Глувци се пронајдени во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.

Најголем дел од родителите се загрижени, па затоа излегоа со своите деца на протест. Еден од родителите за ТВ21 изјави дека децата не следат настава веќе 3 дена.

„Децата не следат настава, нормално дека бевме загрижени, бараме да се исчисти и дезинфицира. Доколку се направи дезинфекција, за безбедност на децата бараме да се исчисти училиштето“, порача тој.

На видеото на ТВ21 се гледа како две госпоѓи, веројатно вработени во училиштето ги туркаат и им викаат на децата што протестираат.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: