Дисциплинска постапка е поврдена за четворица полицајци од ПО Кривогаштани.
Сопственик на кафуле побарал помош од полицијата затоа што во локалот неколку лица „мавтале“ со пиштоли, но откако пристигнале полицајците не преземале ништо.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани. Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата“, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Тошковски во објава на Фејсбук.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ги изврши сите неопходни проверки и притоа е утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина.