Магацинот си имал се, противпожарна заштита, тој Деко тргнал се и кога влегле таму рекле ова е пекол, а стварно стана пекол и штала на смртта за нашите деца, низ солзи зборуваа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани.
Според нив полицијата знаела дека дискотеката не исполнува стандарди, дека таму се пуштаат малолетници, дека има дрога. Како што вели мајка на загинато дете, протестите на семејствата секоја сабота се уредно пријавени во МВР, болница и пожарна.
– Дали Деко требало да го пријави концертот таа вечер, дали МВР требале по службена должност да бидат таму, да знаат дека ќе има концерт затоа што цел град знаел, имало објави по сите социјални мрежи, вели мајката која додаде „други може ќе ве амнестираат, ама ние нема!“.