ВИДЕО| Екологисти со боја го испрскаа древниот Стоунхенџ




Еколошките активиски го испрскаа британскиот древен археолошки локалитет Стоунхенџ во средата, објавувајќи снимка на платформата на социјалните мрежи Х на која се гледа портокалова боја што покрива некои од камењата на познатата праисториска мегалитска структура.

Двајца активисти облечени во бело трчаат кон два мегалитиаи користат боја во спреј за да ги бојадисаат додека трето лице се обидува да ги спречи, покажува видеото објавено од активистичката група Just Stop Oil.

Споменикот на југот на Англија е дел од светското наследство на УНЕСКО и е едно од најпосетуваните туристички места во Велика Британија.

Организацијата Just Stop Oil стана позната во Велика Британија по своите насилни хулигански протести, како што тврди, за да го привлече вниманието на еколошките прашања, вклучително и затворање на главните патишта, прекинување на културни и спортски настани или фрлање супа врз слика на Ван Гог.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: