Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала на улица северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка.
На видеата се гледа дека пожарот кој избувнал во моторот на „аурус сенат“ вреден близу 330.000 евра се проширил и во внатрешноста на возилото.
Се уште не е познато кој управувал со автомобилот кога се случил инцидентот. Се верува дека лимузината е во сопственост на Одделот за управување со средства на рускиот претседател.