(Видео) Експлозија во Рим: Се урна дел од зграда, повреден турист

Дел од трикатница во римскиот кварт Монтеверде се урна по силна експлозија, а еден шкотски турист е повреден и пренесен во болница со изгореници и скршеници, јавија денеска италијанските медиуми.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери изјави дека околните згради се евакуирани како мерка на претпазливост, додавајќи дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на гас, јави државната телевизија Раи.

Сведоците опишаа дека слушнале многу силна експлозија, која звучела како бомба или силен земјотрес.

Противпожарната служба соопшти дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на гас.

Италгас, чии претставници исто така пристигнаа на местото на несреќата, соопштија дека првичните проверки на уредите за мерење на протокот на гас во зградата покажале дека тие се неоштетени,

Како што соопштија од компанијата, нивните техничари соработуваат со полицијата за расветлување на сите околности на инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи: