Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно.
Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата.
„Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема капацитет да предизвика поголема штета.
Ангелов кажа дека очекува сите пожари да бидат изгаснати.
Пронајдете не на следниве мрежи:



