После цела година власт поставуваме едно јасно прашање, што направивте за граѓаните на Крива Паланка? Како им возвративте на довербата и гласот што ви го дадоа? – праша денеска на прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
– Резултатот е поразителен, една голема нула, ниту еден проект за граѓаните, ниту едно исполнето ветување. Цела година Крива Паланка не постои за Владата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Митовски кој додава дека никој од Владата не ја посетил Крива Паланка и не му текнува дека тука има народ.
– Крива Паланка беше излажана, изиграна и заборавена, вели Митовски кој порача дека Крива Паланка не заборава и не трпи неправди.



