(Видео) Иницијативата Support Kocani брои над 400 волонтери!

Денеска во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 гости се дел од волонтерите на иницијативата Support Kocani организирана по повод големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Соговорници во студиото се Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов и Бојан Манасиев кои посочија дека над 400 волонтери има во оваа иницијатива.

„Над 400 волонтери се приклучени на оваа иницијатива. Конкретна задача за секого во моментов немаме одредено, но тие се чувствуваат потребно, затоа што ни се потребни волонтери, затоа што нема да биде ова „чудо за три дена“, туку да биде континуирана иницијатива со активности, и дека после 2-3 години ќе остане една заедница каде што ќе може да придонесува за животот во Кочани. Имаме визија, каде што волнтерски ќе може да помагаме, каде што можеме да извадиме некоја нова слика, и ќе бидат прекупотребни волонтерите, затоа што група од 30 души не е доволна“, рече еден од соговорниците.

Како што информираат, во тек е и формирање на Здружение на граѓани „СупортКо“, што ќе произлезе од оваа иницијатива.

Пронајдете не на следниве мрежи: