(ВИДЕО) Инцидент на стадионот во Аеродром – летале камења, боксеви, ножеви, палки…

Како што објави спортскиот портал СпортМ, целата бркотница започнала откако навивачите и играчите на ФК Башкими во еден момент биле физички нападнати на трибините, а тепачката продолжила да се одвива на улиците околу стадионот.

Инцидент избувна на стадионот во скопската населба Аеродром за време на денешниот натпревар од третата македонска фудбалска лига помеѓу ФК Аеродром и ФК Башкими.

„До 69. минута натпреварот се играше во спортски дух и без забелешки. Во тој момент, 40 хулигани со маски, безбол палки, ножеви, синџири, камења и други метални алатки влегоа на трибините преку административниот дел на стадионот, од каде брутално ги нападнаа албанските гледачи/навивачи. Тимот домаќин не успеа да обезбеди никакви услови за безбедност на гледачите (ниту органите на редот, ниту полицијата, ниту персоналот за физичко обезбедување) и искористувајќи ги овие скандалозни пропусти, на хулиганите им беше многу лесно да навлезат и да го изведат нападот. Само божјо чудо  е што немаме жртви и целата работа помина само со повреди и материјална штета. На теренот завршија камења и шипки, загрозувајќи ги животите на наши играчи“, се вели во коминикето на раководството на ФК Башкими, кои нагласуваат дека предметната група не била присутна на стадионот, туку била организирана надвор од него, со единствена цел, бруталното претепување на Албанците на трибините на стадионот.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА


Пронајдете не на следниве мрежи: