(Видео) Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иранска балистичка ракета го погоди Арад во јужен Израел, објави Ал Џезира.

Градот се наоѓа на границата на пустината Негев и пустината Јудеја. Најмалку 100 лица беа повредени во нападот.

Некои сè уште се заробени под урнатините, а хеликоптери се испратени и на помош.

Иран претходно нападна област во близина на Димона во јужен Израел, градот во чија близина се наоѓа главниот нуклеарен објект на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: