(Видео) Каков мајстор е Барди – голчиште во Скопје!

Македонија ја победи Ерменија со 2:0 (0:0) и ги задржа шансите за освојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата од Лигата на нации. Македонија, до победата дојде во второто полувреме, кое го играше со фудбалер помалку, со головите на Барди и Миовски.

Фудбалската репрезентација на Македонија ја прекина лошата низа и по 11 месеци успеа да забележи победа. Интересно, пред неполна година, Македонија ја победи Ерменија во пријателски натпревар во Струмица, а против истиот ривал ја прекина серијата од седум натпревари без победа.

Фанстастичен гол постигна Енис Барди. Голчиште во Скопје. Голот погледнете го ОВДЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: