(Видео) Како се чисти снег: „Не е Швајцарија, Косово е!“

Не е Швајцарија, Косово е, стои во описот на видео објавено на цосијалните мрежи на кое се гледа како во Косово се одржуваат и чистат патиштата во зимскиот период.

За разлика од Косово, во Македонија половина од патиштата во државата се со забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, односно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи: