Гледачи на Инфомакс до нашата редакција испратија видеа од битолската болница каде во ходниците има ѓубре и кутии.
Ова не е прв случај на лоши услови во болниците. Граѓани редовно се жалат дека во болниците низ Македонија има лоша хигиена и лоши услови. Во битолската болница инаку годинава беше приведен хирург кој барал мито за операција.