Постои нов популарен тренд на социјалната мрежа TikTok каде луѓето ја тестираат својата врска користејќи – кечап.
Во „предизвикот за кечап“, жените ширум светот го истураат кечапот на кујнските површини и бараат од нивните партнери да го избришат. И тоа е предизвик.
Предизвикот навидум е толку едноставен што некои се прашуваат дали воопшто може да се смета за предизвик – но некои видеа докажаа дека може. Кога се соочиле со задачата, мажите реагирале на различни начини и имале различни техники на чистење.
@katherinee_310 He Stresses Me Out, This Is Why I Do The Cleaning 😂😂 #fyp ♬ original sound – Katherine Castaneda
Една девојка објави видео од нејзиното момче како чисти откако таа истури кечап на шанкот и рече дека е „импресионирана“ од начинот на кој го исчистил. Луѓето во коментарите го пофалија за добро завршената работа.
Втората жртва на предизвикот ги немаше истите вештини за чистење. Момчето направи уште поголем хаос бидејќи зеде салфетка и само ја премести во круг над кечапот. Солидна причина да го оставите“, напишаа луѓето под видеото.
@debbiekval 🫠🫠no way #fyp #fypシ #couple #couplecomedy #couple #foryoupage #relationship #couplegoals #viral #couplelove #trending #xybca #funny #couplestiktok #relatable #foryou #boyfriend ♬ original sound – Debbie Valdez
Друго вирално видео од овој предизвик помина слично. Момчето почнало да го брише кечапот со хартиена крпа, ширејќи го преку шанкот. „Дечко на мама“, „Не е во врска со мене, но би сакала да раскинам со него“, напишаа луѓето под објавата изнервирани од неспособноста на момчето.
Едно видео покажува жена како се потсмева на овој тренд прашувајќи: „Дали сакате да кажете дека има стотици возрасни мажи на кои чистењето кечап им е толку тешко што е предизвик? и додаде дека „глупаво е мажите да не знаат како да ја исчистат работната површина во кујната.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.