(ВИДЕО) Кина објави симулирана инвазија на Тајван



Видеото е објавено додека Кина спроведува воени вежби „Заеднички меч-2024А“ околу Тајван. Борбени авиони целосно го опколија Тајван за време на вежбите

Источната команда на кинеската Народноослободителна армија, во петокот објави видеосимулација на нејзините ракетни сили кои вршат масовен напад врз Тајван. Симулацијата од 70 секунди е создадена со комбинација на анимации и снимки и прикажува воени бродови, копнени ракетни фрлачи и ловци кои лансираат проектили на островот.

„Уништете го столбот на независноста на Тајван! Удрете ја основата на независноста на Тајван! Прекинете го протокот на крв на независноста на Тајван!“,

стои во видеото.

Видеото е објавено додека Кина спроведува воени вежби „Заеднички меч-2024А“ околу Тајван. Борбени авиони целосно го опколија Тајван за време на вежбите.

Вежбите дојдоа откако новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, положи заклетва и веднаш ја нападна владејачката партија во Кина во својот инаугуративен говор. Пекинг ги осуди неговите забелешки како „признавање на независноста“ и ги распореди своите сили како „силна казна за сепаратистичките акти на силите кои се борат за независност на Тајван“.

Кина постојано го критикуваше Лаи како „сепаратист“. Тој ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и вели дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Неколкупати се понудил да разговара, но бил одбиен. Говорејќи на состанокот на неговата владејачка Демократска прогресивна партија (ДПП) во јужниот град Таинан, Лаи ја повика Кина „да сподели голема одговорност за регионалната стабилност со Тајван“.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: