ВИДЕО: кошкање на две жени на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

За време на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд во Скопје, дојде до инцидентот откако две постари жени се степаа.
Една од жената била симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, а другата на СДСМ што најверојатно беше причина за тепачката, која за среќа не траеше долго.
До инцидентот дојде кога жената која што е симпатизер на владејачката СДСМ реагирала на еден од говорите на протестот, по што била нападната.
Останатите присутни брзо реагирале и ги раздвоиле со што инцидентот помина без посериозни повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.