Тинејџерка доби 30 дена затвор поради одвраќање на судијата (ВИДЕО)

Пенелопе Круз (18) се прослави во изминатите неколку дена. Нејзиното видео каде што пркоси и одвраќа на судијата стана вирално.

Круз очигледно беше уапсена само неколку часа пред да се појави на суд и сеуште под високо дејство од Xanax, дрогата за која рече дека и зависност. Тоа беше нејзино прво апсење и очигледно не знаеше што да очекува на суд.

Во видеото Круз се кикоти и се смешка на се што има да каже судијата мислејќи дека е шега.

Судијата ја отфрли кога таа на шега рече „adios“ додека заминуваше. Судијата потоа ја повикува назад и и кажува дека нејзината казна сега е двојно зголемена.

По неколку дена Kруз сфатила дека тоа што го направила не е во ред, па му се извинила на судијата и покажала малку каење, а за возврат судијата се откажал од 30-дневната казна.

Девојката од видеото го сврте својот живот на подобро, се приклучи на програмата за рехабилитација на судот.

Пронајдете не на следниве мрежи: