Најмалку три лица се повредени откако ноќна журка се претвори во кошмар во Виена, кога паднал дел од покривот.
Според информациите, полесно повредените се пренесени во болница, јавуваат српските медиуми.
На снимката се гледа како гости го изнесуваат паднатиот дел од покривот, а во позадина и натмау има музика. Се наведува дека клубот продолжил со работа, и покрај инцидентот.
Полицијата извршила увид и допрва ќе се утврдуваат причините за инцидентот.