(Видео) Критичен и многу сериозен е пожарот кај Куманово, на само километар од затворот

Пожарите беснеат низ државата.. Критично е кај селото Кшање, кумановско. На само еден километар од кумановскиот затвор гори огромен пожар кој е засилен со силен ветер и се шири кон Свети Николе и Штип.

Видео:

Пожарот кој денеска се појави на територијата на општина Свети Николе и зафати неколку населени места во моментов го гледам и има зафатено линија од неколку километри. Пожарот ветерот опасно го носи кон Штип, но и се шири во повеќе правци, а постои опасност и да фати повторно населени места. Апелирам на трезвено однесување и барам од целото население заеднички да си ја зачуваме државата, вели Кире Михаилов заменик директорот на Национални шуми.

Како што известивме критично е и во Прилеп. Каде има пожар, а проблем прави и силниот ветер. Овој пожар се шири кон Трескавец.

Во текот на денот пристигна и една лоша вест. Едно лице им подлегна на повредите добиени неофицијално од задушување од силниот чад во кумановско Кокошињео.

Пронајдете не на следниве мрежи: