Филип Кузмановски беше најрасположен играч на Пелистер на синоќешниот дуел против Пелистер и постигна осум гола во мечот со големиот фаворит ПСЖ.
Дел од тие голови беа навистина атрактивни, пред се оној во финишот од мечот кога со бомба од девет метри кога буквално го проби противничкиот голман и низ неговите раце ја затресе мрежата.
И во ЕХФ беа воодушевени од погодокот на македонскиот репрезентативец кој, како што напишаа поради звукот на мрежата, можеше да го слушне цел Париз.
https://www.instagram.com/reel/C_ynjXSMKpV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading