(ВИДЕО) Лавиринт од емоции на мултимедијалниот настан посветен на менталното здравје „Одејќи по тенки линии“

Лавиринтот може да биде и страшен како, историски гледано, лавиринтот со минотаурот, но може да биде и забавен – ренесансите забавни лаврирнит каде луѓето оделе само да би се забававувале. Во таа смисла, нашиот ум може да биде и страшен забаваен, вели еден од координаторите на мултимедијалниот настан.

Прошетката низ куќата завршува во поголема просторија каде се изложени дела на врвни уметници, но и десетина ликовни креации на пациенти во Психијатриската болница во Демир Хисар

Влез во темен и тесен ходник низ кој ве води глас како на психотерапија – мултимедијалната инсталација на Дијана Радевска-Томиќ е првата станица во лавиринтот наречен „Одејќи по тенки линии“. Со скенирање на кјуар-код секој посетител може да се движи низ изложбата која поттикнува многу разсмислувања.

„Така се движиме низ целиот лавиринт – ова е сензор кожа, делото е тактилно, значи идејата е да се допре и доаѓаме во оној безизлезен момент во кој мора да се соочиме со самите себеси, затоа е огледалото,“

објаснува Бојан Георгиевски, еден од координаторите на мулитемдијалниот настан.

Лавиринтот е поставен во резиденцијата на амбасадорот на Европската Унија во Скопје и е дел од мултимедијалната поставка посветена на менталното здравје.

„Лавиринтот може да биде и страшен како, историски гледано, лавиринтот со минотаурот, но може да биде и забавен – ренесансите забавни лаврирнит каде луѓето оделе само да би се забававувале. Во таа смисла, нашиот ум може да биде и страшен забаваен, а останува на самите нас и на работата која ја правиме и како работиме на менталното здравје да го претвориме во оној забавен зелен лавиринт во кој ништо страшно не се случува,“

вели Георгиевски.

Бојан Георгиевски, координатор на мултимедијалниот настан

Во групи од по десетина луѓе, посетителите се движат низ лавиринтот кој од првата просторија продолжува во ходник со неколку соби. Секоја од собите крие различна приказна која се открива преку актерска игра.

Бегај, бегај… април 2017 си ги исеков вените“,

е дел од перформансот на актерот.

Перформансот продолжува преку интеракција на актерите со присутните на необичен начин, поттикнувајќи прашања од типот – колку се искрени и како се чувствуваат?

„Дефинитвно само ќе се истуширам. Јас ги имам погрешните луѓе покрај себе, не ме разбираат, џабе. Зошто сум толку слаба? Од каде се појави овој целулит? Денес не јадев ништо лошо. Треба да вежбам. Немам време да вежбам а и зошто да вежбам? Еве пак, срцето! Можеби најдобро е да викнам Брза помо! Диши, ќе пројде“,

е дел од актерскиот монолог.

Режисерот на перформансот, Јован Ристовски, открива дека сценариото е подготвено според вистински приказни. Изборот на сцените дошол спонтано, при обиколка на резиденцијата.

„Вториот дел се случува во тоалетот зошто, според мене, тоа е најинтимниот дел каде луѓето може да бидат искрени со себе, да се исплачат ако им е тешко, доколку се во гужва или не може да се соочат со некоја реалност, секогаш бегаат во одреден простор и тоалетот е најидеален, посебно пред огледало кога ја гледаш, кога човек е во некаква агонија, и од таа приказна од тоалетот веќе публиката се упатува кон кујната. Во кујната, актерката Ангела Стојановска која истовремено е и драматичар и комичар, работејќи со неа, сфативме дека треба да има интеракција помеѓу неа и публиката каде што се отвора и дискусија.“

потенцира Јован Ристовски, режисер.

Јован Ристовски, режисер

Прошетката низ куќата завршува во поголема просторија каде се изложени дела на врвни уметници, но и десетина ликовни креации на пациенти во Психијатриската болница во Демир Хисар. Изборот на делата е под кураторство на Јасмина Котевска.

Идејата беше да се креира изложба во која посетителот ќе може тешко да разграничи што е она здраво и она да кажеме болно или абнормално во творештвото бидејќи тие тенки линии се толку тенки што визуелната уметност тешко се разликуваат и верувам дека со останатите ликовни дела од македонските уметници тематски се поведри, за разлика од другите ликовни дела. Начинот на којшто се изработени, ако го погледнете ликот, втенчениот поглед, зениците колку се здрвени, мислам дека таа здрвеност, крутост, шематичност, укажува баш на болеста. Тоа е она специфично, но и што ги прави нив да имаат една естетика која што е доста значајна и убава сама по себе“,

вели Јасмина Котевска, куратор и историчар на уметност.

Јасмина Котевска, куратор и историчар на уметност

А токму овие дела се главната инспирација за целиот мултимедијален настан да се постави во резиденцијата на ЕУ. Иницијатор е Пол Бусхот, партнерот на евромабасадорот Дејвид Гир, кој открива дека идејата ја добил при посета на болницата во Демир Хисар.

„Бевме шокирани од тоа колку многу патат луѓето таму, тие се во многу лоша состојба и навистина не погоди. Таму ја запознавме Јасмина, која е создавачот на оваа изложба и таа прави терапии преку уметност со пациентите од оваа институција. Како што може да видите, тие се тука и ова навистина не просветли нас и ни кажува дека оваа земја има одлично чувство за природа, музика и има одлично уметничко поле. Тоа за нас е многу силно за оваа земја и помисливме зошто да не ги комбинираме сите заедно и да направиме нешто за менталното здравје“,

појаснува Пол Бусхот, иницијатор за настанот.

Пол вели дека втората причина зошто се прави ова е епидемијата на проблеми со менталното здравје на глобално ниво, дополнително нагласена со самотијата и стресот за време на ковид-пандемијата.

Ние помисливме дека можеме да направиме нешто за да ја подигнеме свеста во оваа земја, во која по природа можеби луѓето се срамат и не зборуваат за тоа. А работата е што вие треба да зборувате за тоа, ако има проблем, зборувајте за тоа и веќе половина од тоа ќе го снема, побарајте помош, тоа сакаме да го постигнеме со оваа изложба“,

додава Бусхот.

Пол Бусхот, иницијатор за мултимедијалната изложба

Официјалното отворање на изложбата беше во неформално опкружување со обраќање на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Еден од четворица луѓе на светско ниво се погодени со проблеми со менталното здравје. Девет од десет лица кои имаат одредена состојба со менталното здравје страдаат од дискриминација или стигма, но ние не зборуваме за тоа. Целта на оваа мултимедијална изложба овде во резиденцијата на ЕУ е да се започне конверзација за проблемите со менталното здравје, најчовечката состојба за која може да се разговара и со заедничко разговарање да видиме како најдобро може да му пристапиме и да го споделиме како дел од нашето заедничко човечко искуство,“

рече Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ.

Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ

Меѓу првите посетители имаше уметници, новинари, психолози. Оние со кои разговаравме велат – тешко се останува рамнодушен.

„Една слика од овде значи ми предизвика силни емоции кои ме доведоа до раб на плачење затоа што претпоставувам дека тоа е нешто мое што сум го видела во сликите, не е на авторот, меѓутоа јас го доживеав толку силно, додека портретите ги доживеав дека секој портрет раскажува своја приказна. Меѓутоа ме замисли првата просторија кога праша колку навистина сме искрени кон себе и сите ќутевме“,

вели Цветанка Бурзевска, психотерапевтка.

Цветанка Бурзевска, психотерапевтка

„Таму каде што најмногу се препознав беше можеби токму тоалетот, но не поради тоалетот туку буквално поради скоривањето јадови на анксиозноста што сите не оптоварува во континуитет. Ние живееме во свет каде единствено кога сме во тоалет сме сами со своите мисли, не разговараме со никого и тогаш ни доаѓаат сите работи кои не сме ги завршиле со себе си и мислам дека таа анкиозност и оваа целосна идеја за изложбата е фасцинантна бидејќи пристапот можеби е многу чуден, непријатен, искрено поготово во собите ама сепак многу потребен“,

вели Огнен Јанески, новинар.

Огнен Јанески, новинар

Мултимедијалниот настан „Одејќи по тенки линии“ ќе биде отворен за посетители до 31 мај, а секој што сака да го види треба да се пријави преку фејсбук-страницата на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи: