(Видео) Лазов: Доколку станам дел од Советот во Кавадарци еден од моите приоритети ќе биде уредувањето на игралиштето на спортскиот центар „Јасмин“

Драги сограѓани, почитувани Кавадарчани

Доколку ја добијам вашата доверба и станам дел од Советот на општина Кавадарци, еден од моите приоритети ќе биде уредувањето на игралиштето на спортскиот центар „Јасмин“. Ова игралиште, иако повеќе пати досега е реновирано, останува во запуштена состојба и не ги задоволува потребите на спортските колективи и граѓаните. На него секојдневно тренираат над 200 деца кои, поради лошите услови, се подложни на повреди.

Затоа уште во првата година ќе се залагам:

1.Игралиштето конечно да се уреди со современа вештачка трева.

2.Да се изгради тартан патека за трчање, наменета за рекреативците и љубителите на спортот.

3.Да се постави мини трибина која ќе им овозможи на гледачите и поддржувачите подобри услови.

Младите спортисти заслужуваат многу повеќе и наша обврска е да им обезбедиме безбедни, современи и инспиративни услови за нивниот развој. Со овие инвестиции, игралиштето на спортскиот центар „Јасмин“ конечно ќе добие нов, модерен лик и ќе стане вистинско место за спорт и дружба на сите Кавадарчани.

Затоа, ве повикувам на 19 октомври да гласате за број

#ЛокалниИзбори2025 #ГласајтеЗаБрој5
#СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи: