Познатата пејачка Мадона минатиот викенд доживеа пех на концертот Climate Pledge во Сиетл, кој бше дел од нејзината прославена турнеја.
Добитничката на Греми и кралица на попот беше на стол додека ја изведуваше песната „Open Your Heart“ и имаше интересна кореографија за песната. Но поради тоа што следуваше потоа, нејзините фанови се согласуваат дека Мадона е вистински професионалец.
Танцувачките потези бараа танчерката која настапува со Мадона да повлече столот кон главната бина, но таа поради високите потпетици ја загуби рамнотежата и падна на сцената.
Мадона се свртила на стомак и се насмејала, а друг член на екипата ѝ пришол да ѝ помогне да се качи на друга столица. Продолжила со настапот како ништо да не се случило, сепак – упатила блага пцовка кога сфатила дека седи на погрешно место.