На социјалните мрежи постојано се објавуваат нови видеа од нападот во трговскиот центар во Сиднеј, Австралија, што го изврши маж вооружен со нож.
Како што објави дневник.хр, на едно од видеата се гледа како напаѓачот со нож во раката трча низ трговскиот центар и се обидува да ги нападне луѓето на кои наидува.
Но, во еден момент пред него застанува човек обидувајќи се да му се спротивстави за да заштити жена со деца што беа во близина. Не се знае дали тие се негово потесно семејство.
Инаку, по спроведената голема полициска операција, напаѓачот е убиен. Според австралиските власти, тој бил ликвидиран од полицајка која претходно од него побарала да го фрли ножот. Откако тој не ја послушал, го застрелала. Според најновите информации, во нападот загинале најмалку шест лица.
Officer’s heroic actions and A Man who Stop that person at Sydney mall saved lives. Deserves highest honor, like Cross of Valour, for bravery and selflessness…nm #Sydney #bondi #Australia
https://t.co/MRkm5S7QVF https://t.co/MRkm5S7QVF— 𝐇𝐚𝐥𝐟 𝐄𝐧𝐠𝐢𝐧𝐞𝐞𝐫 آدھا انجینئر (@Halfenginear) April 13, 2024
*Насловна фотографија: принтскрин