Видео: Мајкл Џордан на 50 години повторно на паркетот!?

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан можеби повторно ќе се појави на НБА паркетот. Иако е во 50-тите години од животот, неговиот личен тренер е уверен дека ’Air Jordan’ е подготвен и за третиот  ’comeback’.
Овој викенд во Хјустон се одржува 62 All Star, но НБА фановите повеќе внимание посветуваат на 50 роденден на најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан. Тој во својата кариера покрај другото освои и шест наслова на НБА првак, дури 14 пати беше All star играч, а освои и два олимписки злата со репрезентацијата на САД. Џордан веќе еднаш по пензионирањето се врати на паркетот  во 90-тите, но во 2003 година по втор пат во дресот на Washington Wizards, рече збогум.
Популарниот ’Air Jordan’ е во пензија речиси десет години, меѓутоа пред некое време истакна дека би можел по трет пат да му се врати на омилениот спорт.
„Еден ден би можеле да ме видите како играм на 50 години. Немојте да се смеете, никогаш не вели никогаш. Границите, како и стравовите, се само илузија“, рече Џордан уште во 2009-та година.
Легендарниот кошаркар на 17 февруари ќе наполни 50 години, а добро информираните велат дека тренира како никогаш досега и можеби навистина планира да се врати и да одигра уште една средба. Тој е сопственик на Шарлот бобкетс, а медиумите во САД веќе го прогнозираат и мечот на кој повторно ’Air Jordan’ ќе го воодушеви светот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан можеби повторно ќе се појави на НБА паркетот. Иако е во 50-тите годин

Пронајдете не на следниве мрежи: