Богатството на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше тема на коментари во јавноста, откако Оливер Андонов изнесе детали од својот последниот разговор со партискиот лидер. Андонов, кој ја предводи иницијативата за демократизација и ревитализирање на ВМРО ДПМНЕ појасни во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
– Мицкоски сакаше да каже „јас сум доволно богат, не ми требаат пари, носам ваква марка на облека, ваква марка на часовници, толку пари имам… Немам јас проблем со тоа“. Од друга страна, како вели, „јас живеам со професорска плата“.
Не знам, јас не сум финансиски раководител и сметководител на Мицкоски, така што, негов проблем е со што и како живее. Јас само пренесов дел од нашиот разговор, во кој мене ми беше сигнификантно сето тоа што го кажуваше, бидејќи кога влегуваш во политиката и разговараш на така високо ниво, не смееш да зборуваш за пари. Личните мои приходи се моја лична работа. Значи, нема зошто. Што е професорска плата? Мојата професорска плата на Воената академија е јавно достапна и толку, тоа е тоа, одговори Андонов.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.