Премиерот Мицкоски денес во одговор на новинарско прашање истакна дека се разгледува можноста за рестартирање на рафинеријата ОКТА, со цел справување со кризата со горива која го зафати целиот свет.
– Дадовме задача да се разгледа можноста да се рестартира производството во ОКТА, имајќи предвид дека продуктоводот сега функционира, односно рафинеријата е физички поврзана со солунското пристаниште, така што може да се носи во иднина сурова нафта и во рафинеријата да се преработува и да се користи за дизел гориво, рече Мицкоски кој нагласи дека се очекува наскоро информација од раководството на ОКТА кога би можела да се пушти во употреба рафинеријата.



