(Видео) Мицкоски се среќавал со Палчо во неговиот дом – за што разговарале?!

Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски, Палчо.

За средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало. Меѓу другото и самиот Палевски во неколку наврати на јавни настапи и самиот кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.

Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан
Потпретседателката на САД, Камала Харис во текот на гостувањето кај Опра Винфри изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом. „Веројатно не …
Орбан: Уште шест дена…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека имајќи ја предвид временската прогноза, зголемената подготвеност во одбраната од поплави ќе мора да остане на сила уште шест дена, …

Мицкоски на прашање на Инфомакс одбиј да одговори колку пати се сретнал со Палевски и за што се разговарало на тие средби. И по завршување на пресот и по инсистирање на нашата екипа да одговори на прашањето Мицкоски побегна од камерата на Инфомакс.

Инаку неофицијалните информации говорат дека Палевски и неговата група можно е да имале поинаква цел во своето делување од изнуда на пари од семејеството, затоа што сите информации говорат дека веднаш било ликвидирано без да биде побаран никаков поткуп.

Дали можеби станувало збор за посериозна организација, која во своето делување е терористичка чија крајна цел била дестабилизација на Македонија oстанува на истражните органи да докажат.

Во септември 2020 Палевски беше нападнат со метални шипки по што со поддршка и своја реакција излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи го македонскиот народ да се самозаштите ако не се откријат сторителите.

Се поставува прашањето дали ова било дел од стратегијата на Мицкоски за самозаштита, затоа што сторителите никогаш не беа пронајдени.

-Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него.

И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.

Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина, пишува Мицкоски на Фејсбук во септември 2020.

Имено на порталот Курир кој е под директна контрола на Мицкоски, вчера и денес се води жестока кампања против Инфомакс, а порталот за време на истрагата отворено шпекулираше дека девојчето е однесено на Косово со што ја пренасочи истрагата во погрешна насока, за потоа веста во која Мицкоски бара правда за Палевски беше целосно отстранета од порталот.

Ова е објавата во која се дефокусира целата истрагата на МВР.

Дополнително постои уште една многу сериозна врска помеѓу двајцата, а тоа е лице кое се најде на црната листа на САД која ги финансираше и поддржуваше и двете политички партии Десна и ВМРО-ДПМНЕ.

За лицата кои се најдоа на црната листа потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во американското Министерство за финансии, Брајан Е. Нелсон изјави: „Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан со цел да ја спречи интегрирацијата на регионот во меѓународните институции и организации, како и да ги користи клучните јурисдикции за да ги олесни нејзините агресивни дестабилизирачки активности“.

Портпаролот на Министерството за финансии, Метју Милер, пак, во изјавата посочи дека исто така санкциите се однесуваат на лица кои директно го олеснуваат руското влијание во регионот.

„Овие поединци и субјекти ги попречуваат клучните реформи и напредокот кон пристапувањето во ЕУ. Со објавувањето на овие имиња, американската влада има за дел да го промени однесувањето на инволвираните и да се бори против локалната корупција, организираниот криминал и недозволените бизниси и трговијата со влијание, што го зајакнува злонамерното влијание на Русија“, рече Милер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.