(ВИДЕО) Младиот Јован кој спаси 21 лице од пожарот раскажа што се случувало во „Пулс“

Откако беше пуштен од болница, Јован Костадинов беше пречекан како херој во неговото средно училиште, а оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски
Од внатре се слушаа само пискотници од девојки, а јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскав внатре две до три минути – вака започнува сведоштвото на 19-годишниот Јован Костадинов од Виница кој од пожарот во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани успеа да спаси 21 лице. Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи на „suportkochani“, Костадинов вели дека тој најпрвин се обидел да влезе од глалвниот влез, но таму имало многу заглавени лица и немало можност да се влезе, по што тој заедно со други лица ја скршиле влезната врата и започнале да ги вадат заглавените луѓе, еден по еден.
Видеото тука
The post (ВИДЕО) Младиот Јован кој спаси 21 лице од пожарот раскажа што се случувало во „Пулс“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: