(Видео) Нападнат Петар Маѓар: Му истурија вино во лице

Унгарскиот премиер Петер Маѓар доживеал непријатност за време на посетата на традиционалните Денови на гроздобер во градот Сексард, кога еден човек го полил со вино во лицето, објавија унгарските медиуми.

Маѓар на „Фејсбук“ објави снимка од инцидентот.

Инцидентот се случил вчера, додека Маѓар бил на манифестацијата и разговарал со граѓаните. На видеото се гледа човек со чаша вино како ја истура нејзината содржина кон премиерот од неколку метри оддалеченост. Обезбедувањето брзо реагирало и го отстранило човекот од местото на настанот.

Маѓар, откако го избришал лицето, продолжил да се среќава со граѓаните и да нарачува храна од една од тезгите.

Подоцна иронично го коментирал инцидентот, велејќи дека човекот „нашол храброст во алкохолот“.

„Воинот на Орбан се напи до степен на храброст. Немаше доволно храброст да ми пријде и да ме погледне во очи. Мора многу да го вознемирувало тоа што сите се забавуваа. Штета за вкусното вино“, коментирал Маѓар.

Ова не е прв пат унгарскиот премиер да се најде во сличен инцидент. На крајот на јули, еден човек плукна врз него на железничка станица во Будимпешта.

Пронајдете не на следниве мрежи: