(Видео) Напаѓач со пиштол рани шест луѓе на универзитет во Флорида

Шест луѓе се ранети кога млад човек денеска отворил оган врз студенти и предавачи на државниот Универзитет на Флорида во американскиот град Талахаси, јавија локалните медиуми. Информацијата за нападот и за бројот на повредени ја пренесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече и дека еден од повредените е во сериозна состојба, а напаѓачот е уапсен.

Претставниците на локална болница потврдија дека шестмина ранети се примени, но не дадоа детали за тежината на нивните повреди или нивната состојба.

Очевидци раскажаа дека виделе помлад човек, кој личел на студент, како излегува од Студентскиот центар со пиштол. Тие ја опишаа паниката на кампусот на универзитетот за време на нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи: