Спортските објекти во Србија со месеци се користат за политички пресметки. Тоа беше видливо и во салата Језеро во Крагуевац, каде во четвртокот вечерта се одигра првиот финален натпревар од одбојкарскиот шампионат.
Иако на сите во Србија им е јасно дека државната телевизија, односно РТС, работи во интерес на претседателот Александар Вучиќ, во четвртокот гледачите доживеаја нов срам.
Како тоа изгледа, беше совршено видливо за време на преносот од финалето на српското одбојкарско првенство меѓу Крагуевац и Војводина.
Имено, во преносот можеше да се слушне додека публиката скандираше „Пумпај, пумпај“, а набргу потоа беше прекинат преносот на натпреварот.