(Видео) Непристојно е додека народот преживува владините функционери да се шетаат по светот на државна сметка!

На градоначалниците на СДСМ им се прави страшен политички притисок, секојдевно им одат УЈП, организиран криминал и слично, додека во општините каде има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ нема такви притисоци, вели во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ објави низа на скандали во општините со кои раководат градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, но никој не реагира.

Во врска со патувањата на владините функционери речиси секоја недела по разни европски и светски дрѓави, Филипче смета дека е непристојно што додека народот едвај преживува, владините функционери се шетаат со цели семејства во странство.

Пронајдете не на следниве мрежи: